Nokia 6730 classic - За Ovi Contacts

background image

За Ovi Contacts

Со Ovi Contacts, можете да останете поврзани со луѓето кои

Ви значат најмногу. Пребарувајте за контакти, и

откривајте пријатели во Ovi заедницата. Останете во

контакт со Вашите пријатели - четувајте, споделете ја

Вашата локација и присуство, и лесно следете што имаат

на ум Вашите пријатели и каде се тие. Можете дури и да

четувате со пријатели кои користат Google Talk™.
Исто така можете да ги синхронизирате Вашите контакти,

и други содржини помеѓу Вашиот Nokia уред и Ovi.com.

Вашите важни информации се зачувуваат и се чуваат

ажурирани и во Вашиот уред и на web. Со Ovi Contacts,

можете да ја направите Вашата листа на контакти

динамична и бидете уверени дека Вашите контакти се

зачувани на Ovi.com.
Мора да имате некоја Nokia сметка за да ја користите

услугата. Креирајте сметка на Вашиот мобилен уред, или

посетете го www.ovi.com на Вашиот компјутер.

Користењето на Ovi Contacts може да вклучи пренос на

големи количества на податоци преку мрежата на

Вашиот оператор на услуги. Контактирајте го Вашиот

оператор во врска со наплаќањето за преносот на

податоци.