Индикатори на екранот
GPS индикаторот
ја покажува достапноста и
јачината на сателитските сигнали. Една црта е еден
сателит. Кога уредот се обидува да пронајде сигнали од
сателити, цртата е жолта. Кога уредот ќе прими доволно
податоци од сателитите за GPS да ја пресмета Вашата
локација, цртата станува зелена. Колку повеќе зелени
црти има, толку повеќе е веродостојна пресметката на
локацијата.
На почетокот, Вашиот уред мора да прими сигнали од
најмалку четири сателити за да може да ја пресмета
Вашата локација. По почетната пресметка, сигналите од
три сателити може да бидат доволни.
Индикаторот за пренос на податоци
ја
покажува интернет конекцијата која се користи и
количината на префрлени податоци откако апликацијата
е стартувана.