
Предвидливо внесување на текст
1. Да го активирате предвидливото внесување текст,
притиснете # двапати бргу. Ова го активира
предвидливото внесување текст за сите едитори во
уредот. Индикаторот
е прикажан на екранот.
2. За да го напишете посакуваниот збор, притиснете
2-9. Притиснете го секое копче самоеднаш за една
буква.
3. Кога ќе завршите со правилното пишување на зборот,
скролувајте десно за да го потврдите, или притиснете
0 за да додадете празно место.
Ако зборот не е правилен, притиснете *
последователно за да ги видите зборовите што
одговараат што биле пронајдени во речникот.
Ако знакот ? се покажува по зборот, зборот што сакате
да го напишете не е во речникот. За да додадете збор
во речникот, одберете
Spell
, внесете го зборот (до 32
букви) со користење на традиционалното внесување
на текст и одберете
OK
. Зборот се додава во речникот.
Кога речникот е полн, новиот збор го заменува
најстариот додаден збор.
Напишете ја првата половина од некој сложен збор; за да
го потврдите, скролувајте десно. Напишете го последниот
дел од сложениот збор. За да го завршите сложениот
збор, притиснете 0 за да додадете празно место.
За да го исклучите предвидливото внесување на текст за
сите едитори во уредот, брзо притиснете # двпати.