
Слушајте радио
Одберете >
Applications
>
Radio
.
FM радиото зависи од антена која што е различна од
антената на безжичниот уред. Компатибилна слушалка
или додаток треба да биде прикачен на уредот за ФМ
радиото да функционира правилно.
Предупредување: Слушајте ја музиката на
умерено ниво. Континуираното изложување на висока
јачина на звук може да го оштети Вашиот слух. Не држете
го уредот блиску до Вашето уво кога звучникот е во
употреба, бидејќи јачината на звукот може да е
исклучително висока.
Квалитетот на радио преносот зависи од покриеноста на
радио станицата во таа особена област.
Можете да остварувате повик или да одговарате на
дојдоден повик додека го слушате радиото. Радиото се
стишува кога има активен повик.
За да започнете ново пребарување на станица, одберете
или
.
Музика
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
30

Ако имате зачувано радио станици во Вашиот уред, за да
одите на наредната или претходната зачувана станица,
одберете или .
Одберете
Options
и од следниве опции:
●
Activate loudspeaker
— Слушајте радио користејќи го
звучникот.
●
Manual tuning
— Рачно променете ја фрекфенцијата.
●
Station directory
— Прикажете ги достапните станици
базирани на локација (мрежна услуга).
●
Save station
— Зачувајте ја станицата на која сте
моментално тјунирани во Вашата листа на станици.
●
Stations
— Отворете ја листата со зачувани станици.
●
Play in background
— Вратете се на домашниот екран
додека го слушате FM радиото во позадина.
6. Позиционирање
За GPS
Координатите во GPS се изразени преку меѓународниот
координативен систем WGS-84. Достапноста на
координатите може да варира во зависност од регионот.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван
од Владата на Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата
на Соединетите Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана
на Соединетите Држави и Федералниот
Радионавигационен План. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS приемникот треба да се
користи само надвор за да овозможи прием на GPS
сигналите.
Било кој GPS систем не треба да се користи за прецизни
мерења на локации, и не треба никогаш да се потпирате
единствено на податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто така
може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Во прилагодувањата за позиционирање може да се
вклучат или исклучат различни методи на
позиционирање.
Assisted GPS (A-GPS)
Вашиот уред исто така поддржува assisted GPS (A-GPS).
A-GPS е мрежна услуга.
Assisted GPS (A-GPS) се користи за да се превземат
податоци за помош преку пакет дата конекција, кои што
помагаат во пресметувањето на координатите на Вашата