Префрлување музика од компјутер
1. Осигурете се дека некоја компатибилна мемориска
картичка е вметната во уредот.
2. Поврзете го Вашиот уред со компјутерот користејќи
Bluetooth конективност или некој компатибилен USB
кабел за податоци.
3. Ако користите некој USB кабел за податоци, одберете
Media transfer
како режим на конекција.
Ако одберете
Media transfer
како режим на конекција,
можете да користите Windows Media Player за да
синхронизирате музика помеѓу Вашиот уред и компјутер.