Nokia 6730 classic - Sync

background image

Sync

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Sync

.

Sync Ви овозможува да ги синхронизирате Вашите

белешки, записи од календарот, текстуални пораки и

мултимедиа пораки, ознаки за страни во пребарувачот,

или контакти со разни компатибилни апликации на

компатибилен компјутер или на интернет.

Можете да примате прилагодувања за синхронизација во

специјална порака од Вашиот обезбедувач на услуги.
Профилот за синхронизација ги содржи потребните

прилагодувања за синхронизација.
Кога ќе ја отворите апликацијата Sync, се прикажува

стандардниот или претходно користениот профил за

синхронизација. За да го модифицирате профилот,

скролувајте до некој објект за синхронизација, и

одберете

Mark

за да го вклучите во профилот или

Unmark

за да го изоставите.

За да управувате со профилите за синхронизација,

одберете

Options

и посакуваната опција.

За да синхронизирате податоци, одберете

Options

>

Synchronise

. За да ја откажете синхронизацијата пред да

заврши, одберете

Cancel

.

20. Зелени совети

Еве неколку совети како да придонесете во

заштитата на околината.

Зачувајте енергија

Кога целосно ќе ја наполните батеријата и ќе го откачите

полначот од уредот, запомнете исто така да го откачите

полначот од ѕидниот штекер.
Нема потреба да ја наполните Вашата батерија толку чесо

ако го направите следново:

● Затворете и исклучете ги сите апликации, услуги и

конекции кога не ги користите.

● Намалете ја осветленоста на екранот.
● Наместете го уредот да влегува во режимот на

зачвувуање на енергија по минимален период на

неактивност, ако е возможно во Вашиот уред.

● Исклучете непотребни звуци, како што се тонови на

тастатурата. Наместете го нивото на јачина на звук на

просечно ниво.