
Наполнете ја батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката. Ако
уредот покажува дека е слабо наполнет, сторете го
следново:
1. Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2. Поврзете го полначот со уредот.
3. Кога батеријата е целосно наполнета, откачете го
полначот од уредот, а потоа од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за некое одредено
време и можете да го користите уредот додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае
неколку минути пред индикаторот за полнење да се
појави на екранот или пред да можат да се направат било
какви повици.
Совет: Ако имате стари компатибилни Nokia
полначи, можете да ги користите со Вашиот уред со
прикачување на CA-44 адаптерот за полнач на
стариот полнач. Адаптерот е достапен како посебен
додаток.
USB полнење
Можете да го користите USB полнењето кога не е достапен
некој ѕиден штекер. Кога го полните Вашиот уред со USB
кабелот за податоци, времето на полнење е подолго. USB
ефикасноста на полнење значително варира. Во некои
случаи, може да трае многу долго време за да започне
полнењето и уредот за почне да функционира.
Со USB полнењето, можете исто така да префрлувате
податоци со USB кабелот за податоци додека го полните
уредот.
1. Поврзете некој компатибилен USB уред на Вашиот
уред користејќи компатибилен USB кабел за податоци.
Во зависност од типот на уредот што се користи за
полнење, може малку да потрае додека полнењето да
започне.
2. Ако уредот е вклучен, можете да одберете од
достапните опции на USB режимот на екранот на
уредот.
За почеток
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
10