Nokia 6730 classic - За Вашиот уред

background image

За Вашиот уред

Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за

употреба на (E)GSM 850, 900, 1800 и 1900 мрежи и UMTS

900 и 2100 HSDPA и HSUPA мрежи . Контактирајте го

Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе информации

околу мрежите.
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и

легитимните права на другите, вклучувајќи ги и

авторските права. Заштитата на авторските права може

да спречи некои слики, музика (вклучувајќи ги и тоновите

на ѕвонење), и други содржини да бидат копирани,

модифицирани, или пренесени.
Вашиот уред поддржува неколку методи на поврзување.

Како компјутерите, Вашиот уред може да биде изложен

на вируси и други штетни содржини. Бидете претпазливи

со пораки, барања за поврзување, пребарувања, и

даунлоади. Инсталирајте и користете услуги и друг

софтвер само од доверливи извори кои што нудат

адекватна безбедност и заштита од штетен софтвер, како

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

7

background image

што се апликациите кои што се потпишани од Symbian

Signed или го поминале Java Verified™ тестирањето.

Земете во предвид инсталирање на антивирусен и друг

безбедносен софтвер на Вашиот уред и било кој поврзан

компјутер.
Вашиот уред може да има претходно инсталирани ознаки

за страници и линкови до интернет страници на трети

лица. Преку Вашиот уред можете исто така да пристапите

и до страници на трети лица. Страниците на третите лица

не се поврзани со Nokia, и Nokia не гарантира ниту пак ги

одобрува овие страници. Ако одберете да им пристапите

на таквите страници, треба да превземете мерки за

претпазливост, во однос на заштитата или содржината.

Предупредување: За да користите било која од

функциите на овој уред, освен будилникот, уредот мора

да е вклучен. Не вклучувајте го уредот кога употребата на

безжичен уред може да предизвика пречки или опасност.
Направете резервни копии или чувајте пишани записи на

сите важни информации што се зачувани во Вашиот уред.
При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги

неговите упатства за корисникот за детални безбедносни

инструкции. Не поврзувајте некомпатибилни производи.
Сликите во ова упатство може да се разликуваат од тие на

екранот на Вашиот уред.
Други важни информации во врска со Вашиот уред

побарајте во упатството за корисникот.